Незатворени очи

Се разбудив, се доближив до пенкалото и почнав да ја опишувам онаа ноќ. Пред сé, ги замолив очите да останат покрај мене. Тие всушност беа меѓу малкуте елементи што ме подржаа. Ех, па каквa поддршка би дале тие, би прашал некој. Па, огромна, би му одговорил...
Тоа што го гледам ме прави честопати да се задлабочам сé повеќе и повеќе. Бескрајно би одел, си велам, длабоко во мислите, и не би го ни гледал тоа што го одам, изоденото. А би сакал, нели, тоа да биде нешто незаборавно и посебно. Сепак, едно нешто е малку парадоксално, оти за толкаво задлабочување потребна е само некаква мала цена. Малечка една, па дури и невидлива, како од фигуративен, така и на буквален аспект. Значи, освен окото, во играта или во нашево „патување“ неопходно е да „присуствува“ и увото! Кога сме кај тоа, ајде да се потсетиме малку на Бетовен. Тој рекол: „Дозволете ми да им ја направам музиката на луѓето, па вие, ако сакате, направете им ги законите!“
На окото и увото, сега им се придружува и раката – моторот и овозможувачот на одењето. Таа е, за првата категорија „патници“, шоферот или таа што го одбира патот. Понатаму, за втората категорија, раката e кралица на стилот на рефлексијата. Од неа, значи, зависи судбината на ефикасноста на патувањето. Крајно, за „третите“, таа е каналот од умот, преку телото, сé до очите, па потоа во умот на другите...

Епилог...

Вреди кога не ви се спие, дефинитивно. Инаку, сé во животот вреди, дури и тоа што не вреди! Во овој контекст, умно е да се труди да се наоѓа хармонија помеѓу нештата и работите. Патем, пораката на оваа рефлексија е да се соединат: окото, увото и раката, и да создадат една убава внатрешна енергија, или пак да ја отргнат лошата, која што можеби циркулира внатре во нас.

Писателите буквално раѓаат кога ја пишуваат својата рефлексија. Раѓаат токму како што жената го раѓа бебето!

Автор: Arsim JONUZI, 07.05.2009

Лектор: проф. д-р Елена ПЕТРОСКА

0 komente: